Тројца полицајци повредени во филмска бркотница низ Скопје

Единицата за брза интервенција „Алфи“ денеска попладне извршиле акција за упсење на лице кое било барано за издржување на четиригодишна казна затвор. Во бркотницата која му претходела на апсењето повреден е еден полицаец.

Алфите го забележале лицето во автомобил мерцедес на улицата „Ферид Бајрам“ во скопски Чаир. Му дале наредба да застане, но тој со голема брзина избегал накај населбата Железара. Бркотницата продолжила и низ населбата Автокоманда, за конечно да заврши позади Бриколаж. 

Тука се случил и сударот, во кој со повреди се здобиле тројца полицајци, кои се пренесени во Ургентниот центар.

 

 
 
09.09.2016 - 21:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега