Пронајден мртов човек во стан во Велес

Вчера околу 20:00 часот во Пoлициската станица во Велес телефонски се јавил Р.С. (40) и пријавил дека во куќа на улица „Јордан Џурнов“ , во сопственост на неговата тетка Р.С. (66), го пронашол починат неговиот вујко Џ.И. (62) од Велес.

На местото на настанот увид вршеле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.

По барање на Јавниот обвинител увидот во 23:10 часот бил прекинат и ќе продолжи денес на 09.09.2016 година.

 

Телото на починатиот е предадено за обдукција.

 
 
09.09.2016 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега