Детали од авионската несреќа кај Кожле

На ниту едно тело од шестмината патници во малиот авион „пајпер" кој се урна пред 3 дена на два километри од селото Кожле, општина Петровец не се откриени траги на изгореници. Сите починати претрпеле тешки внатрешни повреди.Токму тие повреди биле фатални. Настанале во брз временски интервал, а смртта била моментална. Ова стручно мислење го напишале патолозите во својот првичен извештај кој е доставен до македонските истражни органи, пренесува Плусинфо.

Како што дознаваме, иако сите опции за падот се истражуваат, првичните наоди недвосмислено говорат дека лошото време е најверојатно најголемиот виновник за падот на авионот. Официјално, авионот „пајпер“ од радарските екрани на контролата во Петровец исчезнал во 17.20 часот, а не како што првично беше соопштено во 17.36 часот.

Во 17.30 часот веднаш се известени македонските воздухопловни власти и полицијата, а десет минути подоцна е започната голема потрага. Во 19.15 минути, жител на селото Кожле пресретнал екипа од специјалните единици на МВР кои трагале во тој регион, па ги одвел полицајците до остатоците од „пајперот“. Во 19.30 часот е откриено местото и тоа што останало од авионот.

Со авионот управувал пилотот Франческо Монтањер, претседател на аероклубот во Тревизо. Во авионот се наоѓале и потпретседателот на клубот Дарио Бастасин, како и Лука Дале Муле, Италијанката Илариа Берти и Косовецот со италијански пасош Висар Бегај. Шестиот патник бил Анѓело Калегари.

Сите патувале од Тревисо кон Приштина каде требало да отворат авио-клуб. Авионот навреме бил пријавен во контролата на летање дека ќе слета да танкира керозин, по што требало да полета кон Приштина. 

Официјалниот извештаја за несреќата ќе треба да го дадат македонските истражни органи, а во Италија веќе е започната истрага за пилотот, а се истражува и како бил одржуван авионот.

 
 
09.09.2016 - 20:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега