Пушки, пиштоли, куршуми: Полицијата пронајде цела артилерија кај кумановец

Image result for полиција

На 07.09.2016 година во периодот од 20.00 часот до 23.15 часот, по претходно добиена Наредба за претрес на дом и други простории од Судија на претходна постапка, полициски службеници од СВР Куманово извршиле претрес на дом и други простории на лицето И. А. (54) лоцирани во село Режановце, кумановско. 

При претресот се пронајдени и со потврди за привремено одземени предмети, одземени се: една некомплетна автоматска пушка без дозвола, една воздушна пушка без кундак калибар 4,5/177 мм - без дозвола, 69 куршуми различен калибар – без дозвола, седум празни патрони за ловечка пушка, три неиспукани патрони за ловечка пушка, едно еднострелно долго огнено оружје со нежлебана цевка калибар 16 ГА во футрола- со дозвола, едно долгострелно репетирачко огнено оружје калибар 8 х 57 мм.- со дозвола, еден пиштол марка ЗАСТАВА без рамка- со дозвола, еден гасен пиштол калибар 9 мм - со дозвола, дозвола за оружје, потврда за пријавено оружје од Д категорија и футрола за пушка. За претресот и за одземените предмети од лицето И. А. известен е Јавен обвинител по чии инструкции лицето е лишено од слобода и задржано во просториите на СВР Куманово.

Предметите за кои постои сомнение дека се предмети кои потекнуваат од кривично дело по член 396 од Кривичниот Законик на РМ по итна постапка преку ОКТУПА при СВР Куманово ќе бидат доставени на анализа до ОКТИВ при МВР на РМ Скопје.

По инструкции од Јавен обвинител одземените оружја и муниција, за кои лицето И.А. има дозвола и потврда за истите, ќе биде поднесен предлог за поведување на управна постапка за трајно одземање на оружје до Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи Куманово. По целосно документирање на случајот против И.А. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“.

 
 
08.09.2016 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега