Страшни фотографии од авионската несреќа - загина целото раководство на аеро клубот

Ужасна е глетката од местот каде вчера се урна приватниот авион во Кожле.  Со авионот кој патувал од Тревизо за Приштина, управувал претседателот на аеро клубот Франческо Монтањер. Во авионот се наоѓал и потпретседателот Дарио Бастасин заедно со Лука Дале Муле, италијанката Илариа Берти, косовецот со италијански пасош Висар Бегај, како и неговиот брат.

Урнатиот авион бил регистриран во Германија, а пилотите ги има сите потребни дозволи за летање.  Од Тревизо полетале во 14 часот а на аеродромот Алекснадар Велики требало да слетаат  за да наполнат  гориво.

Последниот контакт со контролорите во Скопје го имале во 17 часот и 40 минути, кога според итслијанските медиуми го започнале  маневрот за слетување, постапка која вообиачено би требало да трае дест минути.

Според италијанските медиуми, авионот паднал на земја, по што експлодирал и патниците и екипажот загинуваат на лице место.

ФОТО: ДНЕВНИК

 
 
07.09.2016 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега