ФОТО: Ова се жртвите на авионската несреќа кај Кожле

Ова се жртвите од последниот лет на патничкиот авион Пајпер што се урна вчера во блзиина на Катланово. Четворица од патниците биле италијански државјани – мегу нив и пилотот Франческо Монтањер кој бил претседател на аматерскиот спортски аеро клуб Тревизо – објавија италијанските медиуми. 59 годишниот Монтањер важел за искусен пилот кој заедно со потпретеседателот на клубот 62 годишниот Дарио Бастасиан кој исто така почина во авионската несреќа, имале стотици часови лет.

ewf-6-

Тие патувале кон Приштина каде што требало да учествуваат на отворање на аероклубот на Висар Дегај – бизнисмен од Косово кој исто така бил во авионот.  Според италијанските медиуми жртви во авионската несреќа се и  55 годишниот Лука Дале Муле, Ангело Калегари, брокер по професија  и 43 годишната Иларија Бертио.

degaj

Урнатиот авион бил регистриран во Германија, а пилотите ги имале сите потребни дозволи за летање.  Од Тревизо полетале во 14 часот а на аеродромот Александар Велики требало да слетаат  за да наполнат  гориво.

luka

Последниот контакт со контролорите во Скопје го имале во 17 часот и 40 минути, кога според италијанските медиуми го започнале  маневрот за слетување, постапка која вообичаено би требало да трае десет минути.

dario

Според италијанските медиуми, авионот паднал на земја, по што експлодирал и патниците и екипажот загинуваат на лице место.

ang

Тие неведуваат дека временските прилики биле лоши но оставаат истрагата да покаже дали влијаеле врз падот на авионот со оглед на фактот што пилотот многупати претходно имал искуство со летање при невреме. Италијанските медиуми потсетуваат дека вториот пилот Бастасиан пред десет години имал помала несреќа при следтување во Тревизо, кога имал проблем со тркалата на авионот.

 
 
07.09.2016 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега