Познат бизнисмен меѓу загинатите во авионската несреќа кај Кожле

Истражителите вечерва известија дека пронашле четири тела од урнатиот авион кај велешко Кожле – Ветерско, меѓу нив и познат странски бизнисмен, неофицијално објави Плусинфо.

Четирите пронајдени тела од вкупно шест вечерва ќе бидат однесени на Институтот за судска медицина во Скопје. Во авионот патувале  четворица италијански државјани и двајца од Косово.

Една амбасада од земја, членка на ЕУ во Скопје веќе стапила во контакт со МВР и ги информирала дека ќе биде неопходна и ДНК анализа за да се утврди идентитетот на загинатите.

 
 
06.09.2016 - 22:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега