За прв пат пред македонската публика: Газда Паја „Чке Беградске“ на 3ти во Охрид

 

 

На 3ти Август(сабота) во Охрид, на 2ра плажа-Градиште, се случува Викенд журка! Со почеток од 23:00h најавена е пет часовна журка со Слаткаристика, Дј Ник Капа, Газда Паја, Тајзи, Токсиколози и други.

  На задоволство на нашата публика, за прв пат во Македонија доаѓа и Газда Паја чија песна Чке Београдскеја нарекуваат Балканската Гангам стајлна Псај поради големата слушаност и гледаност насекаде во регионот.              

  За македонската Рап сцена, плановите и неговото прво гостување во Македонија Газда Паја вели:Многу се радувам што конечно ќе дојдам и во Македонија. Одамна си посакував! Ја пратам Вашата сцена и ги слушам САФ, Слаткаристика, Пука Козметика и Тони Зен. Ми се допаѓа нивната работа и едвај чекам да настапам со Слаткаристика на 3ти Август во Охрид. Чув дека Чке Београдскесе слуша во Македонија, а се надевам и на исто така убав прием на другите мои песни. Имам и постари проекти, а и нови хитови, па се гледаме/журкаме на 3ти Август во Охрид, на Градиште, 2ра плажа! Поздрав

 

  Вечерта за журката на Градиште, во Охрид ќе има  и организиран превоз до плажата, а картите со цена од 200 денари може да се набават на влез и во претпродажба низ продажната мрежа на Мк Тикетс.

најчитано сега