Огромен руски авион со хуманитарна помош пристигнува на скопскиот аеродром

На Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје денеска пристигнува најавената помош за поплавените од Русија. Хуманитарна помош од Руската Федерација денеска ќе пристигне со голем авион, „Ил-76“ на руското Министерство за цивилна одбрана, вонредни состојби и отстранување на последиците од елементарни непогоди, а се работи за мобилни дизелни и бензиски генератори со моќност од 5 до 120 kW, специјални пумпи и пумпена опрема, ќебиња, конзерви од риба и месо.

Од Амбасадата информираат дека деновиве специјалистите на руското Министертво учествуваат во доделување хуманитарна помош низ светот, односно, отстранување на последиците од големите поплави во Централната Русија, шумските пожари во Португалија, големите хуманитарни операции за испорака на храна и лекови за цивилното население на југоисточниот дел на Украина и на Сирија. Покрај тоа, Русија изрази подготвеност да испрати специјалисти и хуманитарна помош во Италија по разурнувачкиот земјотрес.

 
 
26.08.2016 - 08:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега