Се обновува „Жена парк“ во Тетово

Локалната власт во Тетово денеска започна со активностите за обнова на паркот во близина на спортскиот центар во градот познат како „Жена парк“.

На почетокот на градежните работи присуствуваше градоначалничката на Тетово Теута Арифи која информираше дека вкупната вредност на зафатот е нешто над десет милиони денари. Средствата во висина од 7 милиони денари се обезбедени од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој додека општината учествува со три милиони денари.

- Во паркот ќе биде засаден дрворед што ќе го одделува од улицата, ќе бидат поставени нови клупи и урбана опрема односно пешачки патеки, осветлување а планираме да има и обезбедување што ќе овозможуи паркот да биде користен и дење и ноќе. Идејата е со овој и другите зафати што ги изведуваме или се планираат да им овозможуиме на жителите на Тетово што повеќе места низ градот каде ќе може да го користат своето слободно време за прошетка, престој или спортување, изјави Арифи.

Од општина Тетово велат дека целосната реконструкција на паркот ќе биде завршена до крајот на следниот месец

 
 
25.08.2016 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега