Мекејлеб оди во Москва

 

Според информациите кои деновиве излегуваат во турските медиуми, македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб ќе се пресели во Русија, а на негово место во Истанбул, во клубот Фенербахче, ќе игра српскиот плејмејкер Милош Теодосиќ.

Инаку, српскиот кошаркарски интернационалец пред неколку недели одбил понуда од НБА лигата, од таборот на Мемфис „Гризлис“, вредна 6 милиони долари, бидејќи негова желба била да ја освои Евролигата.

Доколку зделката се официјализира, нашиот Мекејлеб ќе добие шанса и самиот да се искачи на европскиот кошаркарски врв бидејќи „Армејците“ секоја сезона целат на титулата во елитното клупско натпреварување на Стариот континент.

ФОТО: Нетпрес

најчитано сега