Врие на македонските патарини и гранични премини

На автопатот А1/Е75 Табановце-Богородица зголемен е интензитетот на сообраќај во правецот на север. На наплатните станици за патарина Стоби, Отовица и Романовце присутен е поголем број возила, информира Автомото сојузот на Македонија во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.

Поголем број возила е присутен и за излез од Македонија на граничните премини „Табановце“ и особено „Богородица“.

На граничните премини, укажува АМСМ, можни се задржувања од 20-тина минути за влез и за излез од државата.

Според АМСМ,  интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

АМСМ потсетува дека обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правца, но оти има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите

 
 
25.08.2016 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега