Контингент на АРМ оди во Авганистан - Македонија придонесува за светскиот мир

 

Шест офицери на Армијата на Република Македонија денеска во Министерството за одбрана беа свечено испратени како новата ротација на припадниците на АРМ во рамките на германскиот контингент во Командата за обука, советување и асистенција „Север“ во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан.

 На испраќањето, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски рече дека Македонија е горда на своите мировници, кои во континуитет покажуваат исклучителни способности и вештини. „Јас знам дека вие сте целосно подготвени, имате големо искуство и ќе ја прикажете нашата Армија во вистинско светло“, додаде министерот. Тој посочи дека освен нашата посветеност кон глобалниот мир, што е факт кој го препознаваат нашите сојузници, со учеството во мировните мисии Република Македонија и Армијата добиваат кадри кои се стекнуваат со нови искуства, нови вештини кои се пренесуваат на сите припадници на АРМ.

 Исклучително значајно е што учеството во оваа мисија има нов квалитет – Армијата на Република Македонија учествува со свои офицери во командите на мисијата во Авганистан. Република Македонија во „Одлучна поддршка“ учествува со 39 припадници на АРМ. 

 
 
25.08.2016 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега