Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат 4 комисии. Станува збор за комисиите за финансирање и буџет, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за буџетите, по скратена постапка, во второ читање е единствената точка на дневниот ред на седницата на Комисијата за финансирање и буџет.

Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправаат по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, во второ читање.

На агендата на седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта и на Законот за просторно и урбанистичко планирање, двата по скратена постапка, во второ читање.

Пратениците во Законодавно-правната комисија на седницата, како што е најавено, ќе расправаат по предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за буџетите, на Законот за земјоделство и рурален развој, на Законот за просторно и урбанистичко планирање и на Законот за јавните патишта, сите по скратена постпака, во второ читање. 

 
 
25.08.2016 - 08:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега