Еве каде наврна најмногу дожд синоќа

Дожд и грмотевици и во текот на вчерашниот ден. Најмногу дожд на метар квадратен наврна во Претор и тоа 13 литри. Наврнаа 10 литри на метар квадратен во Демир Капија, 7 во Пожар, 4 во Тополчани, 3 во Струмица, 2 во Крушево, Прилеп и Лазарополе, 1 во Тетово и Битола.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд и појава на грмежи претежно на истокот и југот од земјава. Ќе дува повремено засилен северен ветер особено долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 23 до 30 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 4.

И во четврток се уште ќе има зголемена облачност, наместа и услови за локален дожд особено во јужните делови од земјава. И понатаму ќе биде ветровито со северен ветер. Од петок се очекува времето да биде стабилно со постепен пораст на дневната температура. 

 

 
 
24.08.2016 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега