Временска прогноза: Ќе ни се врати пеколот
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд и појава на грмежи претежно на истокот и југот од земјава. Ќе дува повремено засилен северен ветер особено долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 23 до 30 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 27 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 4.
И во четврток се уште ќе има зголемена облачност, наместа и услови за локален дожд особено во јужните делови од земјава. И понатаму ќе биде ветровито со северен ветер. Од петок се очекува времето да биде стабилно со постепен пораст на дневната температура.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа