Врнежи во текот на ноќта во Македонија - погледнете какво ќе биде времето во текот на наредните денови

Во моментов од Кичево, преку Македонски брод и се на исток до Градско се протега облачност од која има врнежи, но без грмежи .

 

Помали врнежи се можни исто така во Валандовско и во делови од Охридско.

Во првиот дел на ноќта се очекува облачност со повремени врнежи од дожд ќе се преместуваат кон север и северозапад. Во Скопско ќе има услови за појава на врнежи но само со ретки грмежи кон средината на ноќта.

 

Сосема на југот на земјата има повеќе услови за грмежи, но почести ќе се севања во далечина.

Време утре се очекува да биде променливо облачно со повремен локален дожд и ретки грмежи, особено на југот и на истокот од земјава. Ќе дува повремено засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Минималните температури се очекува да бидат од 11 до 18, а максималните 23 до 30 степени.

 

Во Скопје променливо облачно со услови за појава на повремен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 16 до 27 степени.

 

До четврток времето ќе биде променливо и посвежо со локални врнежи од дожд, претежно во јужните делови, проследени со ретки грмежи. Ќе дува и повремено засилен северен ветер.

Од петок времето ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура.

 
 
23.08.2016 - 21:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега