Направете дома: Вкусниот колач по кој полудеа сите
Вкусот на топло и разлеано чоколадо совршено се совпаѓа со свежината на сладоледот од ванила.
Фантастичен десерт, многу едноставен за правење.
4 Јајца
170 гр путер
130 гр шеќер
70 гр брашно
150 грама темно чоколада повеќе од 60% какао
9 топки сладолед од ванила
неколку ливчиња свежо нане
Со миксер убаво се мати путерот и шеќерот. Во смесата се додаваат јајцата, брашното и растопената чоколада.
Откако убаво ќе се соедини смесата, се остава да постои барем половина час на собна температура, а потоа се става во модли (чашки за печење кои не треба да се подмачкуваат). Се печат во убаво загреана рерна на температура од 200 степени. Времето на печење е помеѓу 7 и 8 минути (никако повеќе) во зависност од рерната, а можете да пробате со печење на една чашка и со проверка, за да го дознаете точното време за вашата рерна.
Откако ќе се испечат, се превртуваат на чинија за служење, се посипуваат со шеќер во прав или со течно чоколадо, а покрај секое колаче се става една топка сладолед од ванила. Се украсуваат со 1-2 ливчиња од свежо нане.
Добар апетит!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа