Над сто доброволци од Кавадарци помагаат во Скопје

Над сто доброволци од Кавадарци се ангажирани во санирањето на штетите од поплавите во Скопско, информираше денеска Кире Делов, секретар во кавадаречката локална самоуправа кој ги координира активностите поврзани со вклучувањето на општината во отстранувањето на последиците од невремето.

- Конкретно,  преку ЈП „Комуналец“ ангажирани се дваесетина работници со специјална машина за отпушување од кал,  таканаречена „вакумерка“.Од Водостопанство „Тиквеш“  се присутни 10-15 луѓе, од „Македонски  шуми“ - подружница „Бор“ Кавадарци,  над 15 лица. Освен нив,  за скопските села заминаа и над 30 граѓани доброволци кои секојдневно им помагаат на граѓаните од Стајковци и другите села погодени од поплавата, соопшти Делов.

Тој нагласи дека покрај ова,  во Кавадарци беше  собрана  помош во вода, храна, средства за хигиена и други стоки од неколку компании и установи. Има и  донации од граѓани, а паричните средства собрани на пунктот на Градскиот плоштад,  се уплатени на солидарната сметка за помош на загрозаение подрачја.

На следната седница на Советот на Општината се очекува и локалната самоуправа и градоначалникот да се вклучат со соодветна парична помош за загрозените подрачја од поплавите кои ја зафатија Македонија, вели Делов.

 
 
12.08.2016 - 15:03
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега