Државна матура во август ќе полагаат 1802 ученици, испитите почнуваат во 10 часот

Оваа учебна година за државната матура во августовски испитен рок се имаат пријавено 1802 ученици.

Согласно Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование со четиригодишно траење во Република Македонија учениците екстерно треба да имаат положено 3 предмети. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик.

На 15 август ќе се полага задолжителниот предмет, односно македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература. Македонски јазик и литература ќе полагаат 128 кандидати, албански јазик и литература 266, а 21 ученик турски јазик и литература.

На 16 август 88 кандидати ќе полагаат математика.

На 17 август ќе се полага странски јазик. Англиски јазик ќе полагаат 1294 кандидати, француски јазик и германски јазик по 4 кандидати и 1 кандидат руски јазик.

На 18 август ќе се полага: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика. Бизнис ќе полагаат 199 кандидати, историја 218, биологија 82, филозофија 143, хемија 4, физика 7 и естетика 14.

Испитите ќе се реализираат на 11 локации во Република Македонија.

Испитниот материјал истиот ден кога се реализира испитот се носи во училиштата и се враќа во ДИЦ.

Сите испити почнуваат во 10 часот.

 
 
11.08.2016 - 16:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега