Мицкоски го осуди нападот врз словачкиот премиер
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најстрого го осуди атентатот врз словачкиот премиер, кој моментално се бори за живот откако најмалку три куршуми завршија во градите и стомакот.
„Силно го осудувам ужасниот обид за атентат врз премиерот на Република Словачка, Роберт Фицо. Ваквите акти на насилство се напад врз демократските вредности што ги негуваме и никогаш не смеат да бидат толерирани. Додека премиерот Фицо и неговото семејство минуваат низ ова тешко време, тие се во нашите мисли и молитви. Ние се солидаризираме со оние што се залагаат за принципите на редот и законот и повикуваме на брза, темелна истрага за да се изведат сторителите пред лицето на правдата“, напиша Мицкоски на ФБ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа