УХМР со детали: Вакво невреме се случува еднаш во 1000 години - наврнаа 92 литри дожд

Во саботата силно невреме кое однесе и човечки животи ја зафати скопската котлина. Интензивни врнежи, силен ветер и грмежи се сликата која можеше да се види во Скопје. Брзината на ветерот била 81.7 километри на час. 

Невремето траеше пет часа, а наврнаа 92 литри дожд на метар квадратен, и тоа во период од 17 до 22 часот. Историски гледано тоа е двојно повеќе од досега измерената количина за пет часа од 1996 година. Врнежите биле со рекорден интензитет, нешто што се појавува еднаш во илјада години.

 

 
 
11.08.2016 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега