„Метеопро“: Мала е веројатноста дека вечерва ќе има пороен дожд

Времето во текот на четврток ќе биде диктирано од спуштање на значително постудена воздушна маса која во голема мера ќе ја дестабилизира атмосферата над Балканскиот полуостров, но не и во Македонија, објавува Метеопро.

Денот ќе започне со ведро време, како што ќе продолжи се до рано попладне, кога веќе ќе се појавува облачност која ќе ја наговестува промената. Доцна поладне во северниот крај се очекува развој на нестабилна облачност која релативно бргу ќе се преместува над нашето подрачје, а силниот ветер во повисоките атмосферски слоеви ќе спречи значителен вертикален развој на облаците.

Затоа врнежите кои што се очекуваат во источната половина од земјата поплдне и приквечер иако е можно да имаат локален пороен карактер, истите нема да се задржуваат над иста точка подолго време. Веројаноста за појава на поинтензини атмосферски процеси врзани со нестабилноста се со мала веројатност.

Попладне и навечер ќе дува умерен северен ветер.

Максималната температура ќе има вредности од 30°С и 33°C во најголем дел од земјата, а на југоисток до 36°С.

Скопската околина очекува ведро утро, а попладне и вечер умерено па потоа претежно облачно време. Доцна попладне ќе има услови за повремен и краткотраен дожд, со мала веројатност истиот да биде пороен. Ќе дува умерен северен ветер во втората половина од денот. Температурата ќе достигне максимални 32°С.
 
 
11.08.2016 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега