Во Скопје вчера 11 сообраќајни несреќи - тешко повредено едно лице

 

Сообраќајната полиција вчера во Скопје и околината извршила увид на 11 сообраќајни несреќи. Едно лице имало тешка телесна повреда, а во една сообраќајка се констатирани полесни повреди кај учесниците. Во девет сообраќајни несреќи е констатирана материјална штета.   

Од страна на сообраќајната полиција во изминатите 24 часа при проверка, откриено е едно лице кое управувало автомобил без возачка дозвола, едно е санкционирано заради непропуштање на пешаци, а уште едно заради необновување на регистрација.

 
 
09.08.2016 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега