Трагедија на обиколницата: Наместо на свадба - во смрт

Тетовката Достана Димитриевска, која заедно со сопругот, сестрата, нејзиниот маж и детето оделе на свадба, настрадала кога силен порој удрил во автомобилот и го превртел на обиколницата, пишува Утрински.

Тетово – Достана Димитриевска (43) од Тетово е една од жртвите од катастрофалните поплави што го зафатија скопскиот регион. Единствен знак дека семејството го зафатила трагедија е запаленото светло на влезот од куќата во населбата Колтук, на излезот од Тетово кон Балтепе.

Детали од трагедијата не се дознаваат. Во отсуство на официјални информации, од соседите се дознава дека Достана со нејзиниот сопруг Злате со автомобил „опел“ заминале на свадба во едно од селата што најмногу настрадаа во поплавите. Во автомобилот имало уште еден брачен пар (сестра и зет на покојната) и нивното дете. Според соговорниците, сите заедно оделе на свадба кај блиска роднина на загинатата. Неофицијално се зборува дека тие присуствувале и на чинот на венчавање во црква во селото (не успеавме да дознаеме за кое село се работи), а потоа се упатиле на веселбата во една од скопските кафеани. Но, за жал, не успеале да стигнат на свеченоста. Ги зафатил голем порој со наноси од тиња, кал и камења. Некаде на обиколницата, силна вода удрила во автомобилот и го превртела. Први излегле сопружниците Достана и Злате, но водата ги разделила. Останала Достана со испружени раце за помош, а во наносот извесно време заглавил и нејзиниот сопруг. Тој бил извлечен од некои спасители. Другите двајца сопатници се здобиле со повреди, но од полесна природа.

Злате Димитриевски е познат сообраќаен полицаец во Тетово. Во бракот со Достана имаат три деца, од кои две веќе возрасни. Живеат во сопствена куќа на западниот дел од Тетово, покрај која минува асфалтен пат за Балтепе и селата во таа насока.

 
 
09.08.2016 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега