Ни јавија од капела дека телото на нашето дете го однеле таму - раскажува низ солзи семејството од Синѓелиќ чие дете се трагаше

-Ни јавија од капелата, некој го пронашол и таму го однел телото на Ендрит. Не знаеме кој, ни како било, ни што било -  раскажува за ДНЕВНИК дедото Шаби Синани од Сингелиќ за својот шестгодишен внук, кој исчезна во поплавата и по кого се трагаше од саботата вечерта.

- Завчера соседите ни раскажуваа за потрагата по малиот, за тоа како неколкуте деца од семејството биле заробени во автомобилот, кој се полнел со вода, и како таткото успеал да ги спаси сите, освен Ендрит. Всушност, вујкото ги спасуваше децата, таткото е во Австрија и го чекаме да дојде секој момент - ни појаснува Синани.

 Момчето исчезна пред три дена, во страотната поплава цела населба се крена на нозе по потрага по млиот Ендрит.

 
 
08.08.2016 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега