Видео од страшната сообраќајка на автопатот Скопје- Велес - две лица тешко повредени

Две лица се повредени во сообраќајката што се случила денеска во 14:10 часот на автопатот Скопје-Велес на 500 метри од исклучувањето за Катланово.

Според СВР Скопје, се работи за возило со српски регистарски таблички, кое од засега непознати причини излетало од патот.

Двете повредени лица се пренесени на Ургентниот центар во Скопје.

Во текот на полицискиот увид сообраќајот се одвиваше по една сообраќајна лента.

 

 
 
08.08.2016 - 20:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега