Стружанец итно пренесен во болница - што му се случило?

Вчера  околу 02,30 часот во Струга на ул.„Нико Нестор“ во непосредна близина на казино дошло до нарушување на ЈРМ помеѓу лицата 19-годшниот М.И.  и 37-годипниот Д.Ш., двајцата од с.Радолишта-струшко. Истите започнале расправија во казиното, по што ја продолжиле надвор од објектот. Во еден момент Д.Ш. со нож го прободел И.М. во пределот на левата страна од телото, а потоа го напуштил местото на настанот. Од страна на екипа од Итната помош , И.М  бил пренесен во Медицинскиот Центар -Струга, каде му била  констатирана тешка телесна повреда и истиот бил задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот. 

 
 
07.08.2016 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега