Расте бројот на загинати од невремето

Се зголемува бројот на жртвите од невремето во скопскиот регион, пишува Макфакс.

Наталија Спирова Кодриќ, началникот на одделението за односи со јавност при Министерството за внатрешни работи, соопшти дека според последните податоци, до 11:15 бројот на жртви од невремето се зголемил на 16, а 13 од нив се идентификувани и предадени на семејствата, додека за тројца во тек е идентификација.

22 повредени лица се примени во болниците додека, додека 6 лица се водат за исчезнати. Од МВР стравуваат дека бројот на жртви ќе се зголемува. Неофицијално бројот на жртви е 2, бидејќи пријавено е дека има уште 4 настрадани лица, но сеуште нема официјална потврда.

„Бројките се менуваат од минута во минута. Стравуваме дека бројот на жртвите ќе се зголемува. Со повлекувањето на водата се откриваат нови тела на удавени луѓе“, изјави Спирова.

Силното невреме во Скопје во саботата вечерта сруши и поплави многу куќи, голем број на автомобили останаа заглавени, во голем дел од регионот немаше струја, а најпогодени беа Стајковци, Сингелиќ, Арачиново и Смилковци.

 

 
 
07.08.2016 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега