Огромни штети: Пријавени починати- удавени и исчезнати лица, срушени и поплавени куќи и возила

Елементарната непогода која вчера во попладневните часови го зафати Скопје и неговата околина особено Стајковци, Сингелиќ, Смилковци и Арачиново, пријавени се настани со големи штети – срушени и поплавени куќи и возила , а пријавени се починати- удавени  и исчезнати лица.

 За таа цел од МВР беа ангажирани  Специјалните единици при МВР (ЕБР, ЕСЗ,ПЕП,Единицата за Јавен ред и мир) како и  дополнителни служби и тоа : крим техника од Штип, Велес и Тетово, додека пак од останатите служби, ангажирани се Бригадата за против пожарна заштита, Јавното претпријатие Водовод, Дирекција за спасување и заштита, Итна медицинска помош и пајак служба.

   Поради настанатите свлечишта кај клучката кај  Стајковци према клучката Радишани, по излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници, било констатирано дека се заглавени околу 70 возила . Свлечиште било пријавено и на обиколницата на потегот Ѓорче Петров према Стенковец.

Вчера до утринава во 8.30 часот примени се 22 повредени лица во скопските клиники , починати лица до овој момент имаме 15 и досега се пријавени 6 исчезнати лица. 

 
 
07.08.2016 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега