Застанал да помогне, го прегазил автомобил - Македонец загина во бизарна несреќа

Четириесет и четиригодишен Македонец, кој живее во Германија, загина во сообраќајна несреќа која се случила на автопатот Белград-Ниш, кај Алексинац. На трагедијата и предходела друга несреќа во која возило со германски регистарски таблички удрила во заштитната ограда на автопатот. Македонскиот граѓанин кој возел зад тоа возило застанал да им пружи помош на луѓето кој се наоѓале во него, но во тој момент мерцедес со унгарски регистарски таблички удрил во него. Поради силината на ударот и тешките телесни повреди тој загинал на лице место, пренесе Сител.

На местото на несреќата излегла сообраќајната полиција и основен јавен обвинител од Алексинац, кои направиле увид.

 
 
06.08.2016 - 22:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега