Дај ми го велосипедот или ќе те заколам - нова кражба во Скопје

 

Синоќа  околу 00,55 часот во Скопје, на булеварот .„К.узман Јосифовски - .Питу“ поточно во влез од зграда, непознат сторител извршил разбојничка кражба над 19-годишниот  Ј.Ј.  од Скопје,  при што му бил одземен еден велосипед марка „ТДЦ“. Имено непознатиот сторител со употреба на погоден предмет го исекол бројчаникот со кој бил врзан велосипедот, истиот го изнел од влезот на зградата, каде бил забележан од страна на оштетениот и истиот му рекол да го остави велосипедот бидејќи бил негов и дека ќе викне полиција, но лицето извадило нож и со истиот му се заканил. Оштетениот ги пуштил рачките од велосипедот, а лицето со велосипедот го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од 18,000 денари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
06.08.2016 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега