Ги соблекол пантолоните и се задоволувал пред 9-годишно девојче - манијакот уапсен

Вчера  околу 12,00 часот во Свети Николе, во влез од зграда додека деветгодишно девојче се симнувало по скалите била пресретната од страна на непознато лице по што истиот ги соблекол тренерките и полово се задоволувал пред девојчето. Истата се исплашила и избегала. Истиот ден во времето од 18,00 до 19,00 часот во присуство на ОЈО од Свети Николе и претставник од Центарот за социјални грижи - Свети Николе од страна на девојчето било извршено  препознавање и бил утврден идентитетот на лицето, соопштуваат од МВР. 

Станува збор за 46-годишниот В.О од Свети Никол, полицијата  работи на целосно расчистување и документирање на настанот по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 
 
06.08.2016 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега