Изгаснат пожарот на висорамнината Витачево

 

По неколкучасовно ангажирање, изгаснат е пожарот кој синоќа избувна во месноста Моклиште кај Ваташа и кој се прошири  кон висорамнината Витачево, Кавадаречко.

Како што информира Петко Ристовски од Подружницата на ЈП „Македонски шуми", пожарот зафати шеесетина хектари трева, трње и грмушки, но не и објекти и шума. 

- Во гаснењето учествуваа дваесетина лица од кои поголемиот дел работници во подружницата „Бор", но и пожарникари од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, информира Ристовски и апелира до населението за внимание, за да се спречи, како што нагласи, евентуална нова појава на пожари со оглед на тополото време.

 
 
05.08.2016 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега