Кривични против Косовци за тешки кражби
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Б. и К.Г. од Косово поради постоење основи на сомнение за сторени пет тешки кражби и две тешки кражби во обид.
Пријавените ги извршиле петте кражби од 5 до 20 јули 2016 година на подрачјето на општина Липково, во селата Матејче, Отља и Липково, обивајќи куќи. Притоа одземале пари, златен накит и техничка стока.
Другите две кражби се обиделе да ги сторат на подрачјето на Матејче.
05.08.2016 - 14:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа