Нуркачи го ваделе мртвото тело на Дејан - детали за хоророт кај Калиманци

Во 12 часот и 10  минути завчера, во Полицијата во Македонска Каменица, Л.Р. телефонски пријавила дека нејзината ќерка, 31-годишната Т.С. и зетот, 10 години постариот Д.С. имале брачни недоразбирања и двајцата со возило „Форд Фиеста“ со штипски регистарски ознаки се упатиле кон Делчево. Мајката слушнала врисок од ќерка си и поради тоа се сомневала дека нешто лошо се случило.

Полицијата во 17 часот и 45 минути во водите на браната Калиманци кај местото викано „Рибница“ забележала тело како плута на површината на водата. За жал подоцна е утврдено дека телото е на несреќната девојка.

На  брегот, во близина на пронајденото тело, пронајдени се и траги од возило кои водат до езерото. Во Здравствен дом – Македонска Каменица бил извршен преглед на телото на Т.С. при што се констатирани повреди на главата и десната надлактица и долниот дел на грбот. Над телото на Т.С. е извршена и обдукција при што е констатирано дека смртта настапила како последица од давење во вода.

Околу 17 часот и 45 минути нуркачи во присуство на Јавен обвинител и увидна екипа од Делчево, од водите на браната Калиманци го извадиле возилото „Форд Фиеста“ со штипски регистарски ознаки. Притоа на возачкото седиште било безживотното тело на 41-годишниот Д.С. од Македонска Каменица.

Од страна на форензичар констатирано е дека причина за смртта е давење во вода, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

 
 
05.08.2016 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега