Ќерката врескала во возилото, пронајден и мажот - драмата во Калиманци со трагичен крај

Во 12 часот и 10  минути завчера, во Полицијата во Македонска Каменица, Л.Р. телефонски пријавила дека нејзината ќерка, 31-годишната Т.С. и зетот, 10 години постариот Д.С. имале брачни недоразбирања и двајцата со возило „Форд Фиеста“ со штипски регистарски ознаки се упатиле кон Делчево. Мајката слушнала врисок од ќерка си и поради тоа се сомневала дека нешто лошо се случило.

Полицијата во 17 часот и 45 минути во водите на браната Калиманци кај местото викано „Рибница“ забележала тело како плута на површината на водата. За жал подоцна е утврдено дека телото е на несреќната девојка.

На  брегот, во близина на пронајденото тело, пронајдени се и траги од возило кои водат до езерото. Во Здравствен дом – Македонска Каменица бил извршен преглед на телото на Т.С. при што се констатирани повреди на главата и десната надлактица и долниот дел на грбот. Над телото на Т.С. е извршена и обдукција при што е констатирано дека смртта настапила како последица од давење во вода.

Полицијата околу 18 часот вчера го пронајде и телото на Дејан С. Телото на починатиот Дејан е најдено во возилото, а врз телото немало знаци на насилство, а смртта настапила од давење во водата.

Екипите од МВР од 11 часот претпладне трагаа по телото на сопругот и возилото на сопружниците на местото каде вчера попладне беше пронајдено телото на 31-годишната жена.

Поради длабочината на овој дел од езерото која е над 10 метри, потрагата во матната вода одела тешко.

Овој настан ја потресе македонската јавност.

 
 
05.08.2016 - 08:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега