Тетовец заразен од маларија веднаш е хоспитализиран во карантинската соба на Инфективна клиника

Дваесет и четири годишен тетовец со маларија е хоспитализиран во карантинската соба на Инфективна клиника, објави „Здравство24“.

Болеста ја донел од Мали каде работел неколку месеци. Првите симптоми ги добил во Тетово каде побарал помош на инфективното одделение. По прегледот веднаш бил препратен за Скопје каде му ја дијагностицирале најтешката форма на маларија.

Здравствената состојба му е подобрена со земање на неопходната терапија. Во епидемиолошката анкета тетовчанецот кажал дека воопшто не пиел антималарици пред да замине на афричкиот континент.

Епидемиолозите го вклучија алармот. За 5 месеци 5-мина заразени со ова тропско заболување што го пренесуваат комарци од кои еден е веќе починат.

Петмината заболени оваа година се млади на возраст од 21 до 35 години. Според податоците од епидемиолошките анкети, Скопје, Тетово, Гостивар и порано Куманово се градовите од каде доаѓаат заразените со маларија, кои претходно биле на привремена работа во некоја афричка земја.

Епидемиолозите со апел до сите кои патуваат во ризични региони – да бидат внимателни и подготвени за болестите кои ги демнат.

 
 
04.08.2016 - 18:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега