Полицијата го пронајде: Малолетник го прегазил пешакот во Ново Лисиче

Полицијата го пронајде возачот кој утрово прегази пешак во скопската населба Ново Лисиче, по што избега.

Станува збор за 17-годишниот О.Љ. кој автомобилот БМВ го управувал без возачка дозвола, пишува Курир.

Најновите информации говорат дека повредениот пешак, 67-годишниот Ј.Т. кој живее во Ново Лисиче од ударот се здобил со тешки повреди фрактура на десната клучна коска и е задржан на лекување во болница.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

 

 
 
04.08.2016 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега