Паднале во бездна па ги јаделе животни - исчезнатите татко и син биле мртви десет дена

Фатален пад во бездна па угризи од диви животни. Ова се претпоставките за таткото и синот кои исчезнаа во Лазарополе, па беа пронајдени во фаза на распаѓање. Оваа голема трагедија ја потресе Македонија.

Како што пишува Утрински, Љубомир Мицевски (78) и неговиот син Сашо (50) од Скопје, кои исчезнаа во шумскиот појас над Лазарополе, според првичните детали од обдукцијата биле мртви најмалку десет дена пред да бидат пронајдени минатата недела во реонот меѓу Гари и Лазарополе. Станува збор за ненасилна смрт. Најверојатно паднале во бездната, а потоа ги касале диви животни, но веќе биле мртви.

Пензионираното воено лице Љубомир Мицевски и синот Сашо, кој бил полицаец исчезнаа на 14 јули. Утрото тргнале да берат печурки по патот кој добро го познавале, но се загубиле под неразјаснети околности, а потоа им се испразниле телефоните.

Ренџерите и тигрите ги пронајдоа по десетина дена, откако бараа на непристапен терен.

 
 
03.08.2016 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега