Пежо удри пешак во скопско - две лица итно во болница

Вчера околу 09:20 часот во село Семениште на стариот пат се случила сообраќајна незгода во која автомобил марка „Пежо“ со скопски регистерски ознаки управувано од О.С.(32) удрило во пешакот И.А.(55) од село Семениште.

Во незгодата пешакот се здобил со фрактура на лево стапало и лево рамо и истиот бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош додека О.С. се здобил со телесна повреда.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи во Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
02.08.2016 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега