Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес - едно лице го загуби животот

Вчера на автопатот Скопје-Велес после тунелот„Катланово“ е пријавена тешка сообраќајна незгода, во која Р.Ч.(45) од Скопје управувајќи со автомобил „Рено 9“ со скопски регистерски ознаки излетал надвор од коловозот и се превртел во провалијата покрај автопатот.

Во незгодата истиот од здобиените повреди починал на самото место, а полицијата не знае кога точно се случила оваа несреќа.

Увид е извршен од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи во Скопје, а по наредба на Јавното Обвинителство, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Инаку Р.Ч. предходно бил пријавен за исчезнат во Полициската станица во Кисела Вода.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
02.08.2016 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега