Гореше позната македонска млекара, повреден пожарникар

Избувна пожар на улица улица „Маршал Тито“, во „Хеми Пром“ ДОО Подружница Млекара Николов во Свети Николе. 

- Пожарот избувнал вчера околу 09:00 часот во просторијата за пакување на млечни простории, од кој била зафатена покривната конструкција, а потоа се проширил и на останатите производствени капацитети, кои целосно изгореле.

Од страна на дежурните екипи со неколку противпожарни возила пожарот бил изгаснат.

За време на гаснењето на пожарот пожарникар се пожалил на повреда каде што вдишал чад.

На истиот му била укажана медицинска помош од екипа на Итната медицинска помош по што истиот бил пуштен на домашно лекување, соопштуваат од МВР.

Полицијата работи на расветлување на случајот. 

 

 
 
02.08.2016 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега