Закани и навреди “летаа“ на Богородица и Меџитлија - Златнозорците ги преплашија македонските туристи

 

„Добро дојдовте во грчката Македонија“. „Тие што се Грци, може слободно да поминат, тие што се Скопјани ќе добиваат лепенка“, „Македонија е грчка“, извикуваа вчера Златнозорците на двата гранични премини Меџитлија и Богородица, пречекувајќи ги македонските туристи, објавува Канал 5.

За негостопримството од Грција, нема никакви реакции од грчките власти. Единствено, за атмосферата на граничните премини реагирал еден солунски весник.

Не престануваат навредите и негостопримството од нашиот јужен сосед, а реакциите од грчките власти никаде ги нема. Единствено, во цела Грција со реакција се јавил само еден весник.

-Единствено солунскиот весник Македонија излезе со осуда, и насловна страна: Златна зора, закана за туризмот.„Ваков вид на екстремизам сигурно е дека ќе бидат голем удар за туризмот во Северна Грција, каде што во овој момент се забележува зголемен бран туристи колку од ФИРОМ, толку и од балканските земји. Многу семејства од соседната земја, не ја криеа нивната загриженост, гледајќи ги групите Златнозорци да извикуваат слогани, навреди и закани “, коментира солунскиот весник, пренесува Канал 5.

Весникот пренесува и реакција на министерот за Македонија и Тракија, според кој, никој право да ги замени властите, особено кога станува збор за чувствителни прашања поврзани со надворешната политика.

Според информациите на Канал 5, вакви инциденти ќе има и во иднина.

ФОТО: Канал 5

 

најчитано сега