Во катастрофален пожар целосно изгоре една од најдобрите млекари во Македонија

Утрово околу 9 чсот голем пожар ја зафати млекарата „Николови“ во Свети Николе. Во катастрофалниот пожар  уништена е целата опрема која се користела за обработка на млекото и млечните производи. Повеќе од два часа пожарникарите се бореа со огнената стихија која ја проголта оваа фабрика.

Присуството на противпожарните возила беше видливо и по целосното гаснење на пожарот.

Во оваа интервенција полесно е повреден еден пожарникар. Од страна на медицинскиот итм кој бил присутен му била пружена соодветна помош.

Објектот е стар само 3 години. Надлежните велат дека сеуште не се знаат причините за овој катастрофален пожар, но дека во текот на наредните денови ќе се работи за решавање на случајот.

 
 
01.08.2016 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега