Хорор во Македонија: Четири дечиња жртви на педофили за една недела

Ме повлече за рака и ме внесе во соба. Сакав да си одам, сакав да се тргнам ама ме повлече и ме соблече. Се уплашив и почнав да плачам. Ова го раскажало осумгодишното детенце кое беше силувано од 82-годишен старец, откако тој го напил со ракија. Девојчето постојано плаче и го сонува монструмот.

Ова е сведоштво за траумите кои ги има едно силувано девојче. Случаите со педофили се уште ја тресат јавноста во Mакедонија. Четири случаи на сексуално нападнати детенца за само една недела. Педофилите се во притвор, но детенцата денови по злосторот се уште во шок и со трауми, пишува ТВ НОВА.

Последниот случај во Велес каде 19-годишен од селото Мелница киднапирал и силувал 10 годишно детенце. Денетнцето дури утредента кажало за грозоморниот ќин откако неговите забележале дека нешто не е во ред со него. Веднаш пријавиле во полиција и педофилот завршил во притвор.

Претходно, 30 дневен притвор доби и 51 годишниот жител на Заполжани, прилепско, кој исто така е осомничен за кривично дело, полов напад врз малолетно дете.

Случајот со ќерката на актерката Весна Петрушевска беше првиот случај кој излезе во јавноста за кој актерката револтирано својот став го искажуваше преку социјалните мрежи. Девојченцето 12 годишно нападнато во гаража во скопски капиштец од педофил кој живеел во соседството и кого девојчето го познавало. И тој е во притвор.

Последниот хорор настан се случи во скопската населба Драчево каде жртва на полов напад беше 11 годишно дете. Злосторникот е 13 годишен малолетник кој насилно извршил полов напад врз детето.

За сите случаи, пријавите ги направиле родителите веднаш по настанот. Останува прашањето дали доволно се зборува во јавноста за овие злодела, дали има како да им се помогне на овие детенца да го надминат хоророт кои го преживеале.

ИЗВОР: ТВНОВА

 
 
01.08.2016 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега