Детската игра стана кобна трагедија во Куманово: Детали за удавеното детенце

Полицијата излезе со детали за трагедијата која за празничниот викенд ја зави Македонија во црно. Околу 15 часот и 45 минути во полицијата во Куманово, медицинска сестра од Итна медицинска помош пријавила дека во „Стара Бања“, поточно пред базенот со лековита вода, има непознато женско детенце кое е починато.

Полицијата констатирала дека се работи за тринаесетгодишно девојче од Куманово кое се удавило во базенот во Стара Бања, откако околу 15 часот и 30 минути дошло со уште две другарки да се капе во базенот, па влегле внатре, а тоа скокнало во базенот и од присутните деца било забележано дека дава знаци на давење.

Децата и укажале прва помош по што ја повикале Итната медицинска помош. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа на полицијата.

Лекар од итна медицинска помош за жал можел само да констатира смрт.

 
 
01.08.2016 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега