Речиси дошол до патот кога починал - детали за исчезнатиот син кој беше пронајден мртов

Само 50 метри го делеле исчезнатиот син Сашо Мицевски за кој најблиските и полицијата се кренаа на нозе, од вистинската патека на која ќе го најдел спасот. 50-годишниот маж беше пронајден мртов на падините на Бистра, откако претходно беше пронајден и неговиот татко во фаза на распаѓање.

Како што пренесува Дневник, армиските тигри и ренџери во петокот го најдоа телото и на Сашо, кој заедно со татка си беше исчезнат повеќе од десетина дена. телото беш најдено на 300 метри од местото каде беше пронајден неговиот татко.

Телото е однесено на обдукција која треба да ги даде сите одговори.

Двајцата исчезнаа на 14 јули, а по нив трагаа специјалци, полицијата, ренџери, тигри, кучиња и најблиските пријатели и роднини.

 
 
01.08.2016 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега