Ништо не е пречка за оваа студентка: Македонка првенец на генерација во Солун

Ниту проблемот со името, ниту новата и непозната средина, ниту грчкиот јазик не беа пречка за прилепчанката Климентина Ѓоргиоска, која е првенец беше прва Македонка на факултетот за политички науки на солунскиот универзитет Аристотел, а сега е прва Македонка првенец на генерација на државниот грчки универзитет. Како што пренесува Канал 5, Ѓоргиоска вели дека сѐ до официјалната манифестација, на која, како првенец на генерација, имаше задача, но и чест да ја чита свечената заклетва на старо грчки јазик пред сите студенти, не можела да поверува дека токму таа е најдобра меѓу сите нејзини колеги.

-Деценискиот политички проблем меѓу двете земји никогаш не претставуваше бариера во моето школување. Високите оценки се потврда за објективниот и непристрастен однос на грчките професори, но и доделувањето на ова признание за најдобар студент, за првенец на генерација, како и минатогодишното доделување на плакета за најдобар студент по пракса се потврда дека грчките професори, грчкиот образовен систем е крајно објективен и дека знае да ги почитува и вреднува студентите, но не само грчките студенти туку и студентите кои доаѓаат од другите земји, објаснува Климентина  Ѓоргиоска, која е дипломиран студент на политички науки на Универзитетот Аристотел во Солун, пренесе Канал 5.

По дипломирањето, младата прилепчанка сака да се стекне со работно искуство, но и да го продолжи образованието со постдипломски студии.

Повеќе на Канал5

 
 
31.07.2016 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега