Авион полн со македонски печалбари не успеа да слета во Скопје

Авионот кој сообраќал на релација Рим-Скопје, на пладне  принудно слетал на аеродромот „Мајка Тереза“ во Тирана.  Причина за тоа е технички дефект на леталото, што е регистриран при летот.

Како што јави тиранската телевизија Топ-чанел,  120-те патници на аеродромот останале околу два часа, до кога дефектот бил остранет.

Поголем број од  патниците биле печалбари кои доаѓале во родниот крај за летните одмори

28.07.2013 - 21:34

најчитано сега